речник контакт

Каков стандард имаат Македонците?

Некои сеуште перат на раце, други метат со метла, трети живат во станови од 100 и повеќе квадрати, повеќето имаат мобилни, некои и натаму гледаат црно бел телевизор ...

Петар Печков


Секое петто домаќинство во земјава живее во стан или куќа поголема од 100 квадратни метри, а секое трето или дури 173.000 домаќинства во четворособни и поголеми станови. покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според нив, во земјава дури 91,2 отсто од домаќинствата или над 500.000 семејства живеат во сопствен дом, мал дел  2.1  под закуп, а 6,7 отсто или околу 37.000 семејства живеат кај родители, роднини или кај деца.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во земјава се уште има добар процент од домаќинствата кои се лишени од основните потреби на модерното живеење. Така, речиси 10 отсто од домаќинствата немаат машина за перење алишта, а 12,5 отсто метат со метла.

Само 2,2 отсто од семејствата се уште гледаат на црно-бел телевизор, а речиси половината или 46,6 отсто немаат автомобил. Податоците покажуваат дека само 13,4 од домаќинствата располагаат со машина за миење садови, 27,6 отсто имаат клима-уред, дури 57,7 отсто користат компјутер поврзан на интернет, дури 85,9 имаат мобилен телефон, а 64,8 обичен телефон.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »